Top Sport

Чеферин: Ако имате голем нос ВАР може да ви го поништи голот

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, порачал дека е незадоволен од ВАР начинот на кој што видео-технологија влијае врз фудбалот.

„Доколку имате голем нос, тогаш во денешниот фудбал ќе завршите во офсајд“, рекол Чеферин и дополнил дека ќе предложел да се прекинуваат нападите и не се поништуваат головите поради минимален офсајд од 10-20 сантиметри.

„Втора работа. Неодамна во Нион имавме состанок со најдобрите светски тренери. Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Макс Алегри, Карло Анчелоти и Зинедидн Зидан беа тука. Претставникот на судиите Роберто Росети прикажа играње со рака и праша дали е тоа пенал или не. Пола рекоа дека е, пола дека не е пенал. Кажете ми како точно гласи тоа правло. Ништо не знаеме за правилото!“.

Чеферин не е задоволен ниту од тоа што од држава во држава ВАР се применува на различни начини.

„Погледнете ја Англија…Таму некои работи воопшто не се проверуваат. Од друга страна во Италија по „пола сат“ ги гледаат спорните ситуации. Тоа е голем метеж. Помошните судии повеќе воопшто не ги креваат знаменцата, само чекаат, чекаат и чекаат. Фудбалерите повеќе не се радуваат кога ќе постигнат гол и тоа чекаат да видат што ќе каже ВАР“, заклучил претседателот на УЕФА.

Scroll to Top