Top Sport

Клоп за Санчо: Немаме ние толку пари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одговoрил на шпекулациите дека Џејдон Санчо во јануари ќе пристигне на „Енфилд“.

Англискиот репрезентативец на големата сцена зачекори во дресот на Борусија Дортмунд, откако не доби шанса во Манчестер сити. Неговата цена во моментов е најмалку 100 милиони евра..

Реал, Челси, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Ливерпул, сите овие клубови се поврзуваат со Санчо, кој според германските клубови побарал трансфер бидејќи бил незадоволен од односот што кон него го имал тренерот Лусиен Фавр.

Минатата недела англиските медиуми пишуваа дека Санчо во јануари ќе го засили Ливерпул.

„Не знам откаде доаѓаат таквите гласини. Сигурни не се од нас, ние никогаш не шпекулираме. Доколку Ливерпул е вклучен во нешто такво тоа би го знаeла само личноста што треба да го заврши трансферот и секако дека не би била известена јавноста дека се подготвува таков трансфер“, рекол Клоп и дополнил дека обесштетувањето за Санчо е големо.

„140 милиони евра? Сигурно е дека тоа би бил проблем за нас“.

Санчо сезонава има у;инок од пет гола и седум асистенции, а вкупно одиграл 11 натпревари.

Scroll to Top