Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјавил дека е загрижен за финансиската состојба на фудбалскиот клуб Милан. Тој рекол дека до крајот на годината многу појасни ќе бидат работите за евентуалната казна, а не ја исклучил можноста клубот од „Сан Сиро“ да биде исфрлен од европските купови.
Милан ги доставил плановите за доброволна согласност со финансискиот ферплеј, но со тоа не се отфрлени сомнежите за работата на клубот на чело со сопственикот Ли Јонхонг, кој во летниот преоден рок вложи 200 милиони евра на засилувања.
И покрај овие вложувања, клубот не бележи добри резултати, ниту ги остварува планираните приходи.
„Загрижен сум, но кон половината на декември надлежното тело ќе го соопшти своето видување по повод овој случај. Сѐ е можно, но сепак е рано да се даваат какви било поопширни изјави“, изјавил Чеферин за „Ла Република“.
Првиот човек на УЕФА ја коментирал и неодамнешната елиминација на Италија од баражот за пласман на Светското првенство.
„Во земја во која со многу страст се следи фудбалот, неучеството на СП е трагедија, но да не заборавиме дека и Холандија нема да игра на турнирот во Русија“, дополнил Чеферин.
Милан е купен од измамник, клубот може да биде исфрлен од европските купови