Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ја критикуваше идејата за формирање на Европска супер лига, велејќи дека тоа ќе биде „еден од најздодевните проекти на светот“.
Сега веќе поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу призна дека клубот веќе се согласил на предлозите за богата елитна европска лига по план на Ливерпул и Манчестер јунајтед во кој би играле најславните и најбогати европски клубови како замена за Лигата на шампиони.
Чеферин вели дека се работи за несериозна идеја.
„Има одлична соработка меѓу нас и лигите. Позитивните работи се гледаат во дијалогот и солидарноста. Таканаречената Супер лига е измислица на некои клубови и некои италијански медиуми, а не предлог на УЕФА. Тоа би бил еден од најздодевните проекти на светот. Два или три клубови зборуваат за тоа, верувајќи дека заслужуваат повеќе од другите, но во основа победуваат малку. Не се рабоити за сериозна лига. За нас Лигата на шампионите е најсупер лигата“, вели Чеферин во интервју за италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“.