Претседателот на УЕФА Александар Чеферин рекол дека коронавирусот нема да го одложи воведувањето на третото европско фудбалско натпреварување – Лигата на конференции.
Извршниот одбор на УЕФА во 2018 година одобри да биде основана уште едно натпреварување под капата на европската куќа на фудбалот/ Тогаш беше речено натпреварувањето да се вика Лига на конференции. Почетокот е планиран за циклусот од 2021 до 2024 година.
„Натпреварувањето ќе започне онака како што е планирано. Немаме намера да го одложиме“, рекол Чеферин.
Ова натпреварување ќе се игра според системот по кој се играат и натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Во главната ждрепка ќе има 32 екипи, а победникот ќе добие место во главната фаза во Лига Европа во наредната сезона.