Top Sport

ФИБА: Билбао, Ритас и Дарушафака ќе играат во Лигата на шампионите

Кошаркарските клубови Драушафака од Тирција, Билбао од Шпанија и Ритас Вилнус од Литванија потпишале договори со ФИБА и од наредната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионите која е во организација на Меѓународната кошаркарска федерација.

Дарушафака, Билбао и Ритас Вилнус изминатите сезони се натпреваруваа во Евролигата и Еврокупот, натпреварувања кои ги организира УЛЕБ.

„Нивното доаѓање го покажува развојот на нашето натпреварување. Во исто време сме среќни што се повеќе клубови од Европа ја гледаат својата иднина во нашето натпреварување“, рекол Патрик Конминос претседател на натпреварувањето.

Како што објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“, ФИБА упатила покани за настап во Лигата на шампионите и на три екипи од АБА-лигата. Станува збор за Партизан, Будуќност и Цедевита Олимпија.

Scroll to Top