Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ја продолжи својата „битка“ со политичарите во својата татковина, Словенија, велејќи дека мнозинството на Словенци се позитивни, но дека на чело на државата имаат примитивци.
Чеферин уште во април беше критикуван во Словенија, откако ги нападна мерките најавени од тогаш новиот премиер Јанез Јанша, велејќи дека се создава „лошо расположение“ и „песимизазм“ во земјата.
Сега, во интервју за словенечкиот весник „Дневник“, тој вели дека нема речиси никаков контакт со владата, иако на почетокот на епидемијата помогна за пренос на медицински материјал од Кина преку личното пријателство со Џек Мао, основачот на „Алибаба“.
„Немам никаков контакт и би сакал со тие луѓе да имам што е можно помалку работа. Мојот став дека можам да им помогнам се покажа како наивен. Треба да се престане со срамната реторика и барањето на невидливи непријатели од пре 70 години и да се мисли кон иднината. Мнозинството Словенци се позитивни, но ги надгласуваат негативците, бидејќи се агресивни и примитивни“, вели Чеферин.