Top Sport

Чеферин: ВАР системот немаше да смени ништо во Мадрид

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рекол дека ВАР технологијата не би го сменила исходот на четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите, помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Реал го елиминира Јувентус со го од пенал во 93.минута. Пеналот што го досуди мајкл Оливер предизвика бројни полемики во фудбалскиот свет.

„Се уште е рано за ВАР системот, но тоа не значи дека во иднина нема да го користиме. не мора да брзаме, тое е долготраен процес. Мене искрено ме загрижува тоа што ВАР ќе се користи на Светското првенство во Русија, бидејќи многу од судиите што ќе ја делат правдата таму не го користеле овој систем. Се надевам дека нема да има проблеми, дека нема да има скандали“, изјавил Чеферин за Газета дело спорт.

Чеферин го коментирал и спорниот пенал на „Сантијаго Бернабеу“.

„Што ќе сменеше ВАР системот кога е во прашање пеналот на натпреварот Реал-Јувенту? Ништо. Некои ја гледале спорната ситуација 20 пати, јас ја прегледав 50 пати и понатаму стои констатцијата дека за едните е пенал, за другите не. За мене одлуката е пола-пола. ВАР тука немаше да помогне, но ќе помогнеше кај поништениот гол на Манчестер сити. Се уште е рано за ВАР да влезе во Лигата на шампионите, веројатно ќе биде воведен од сезоната 2019/2020“, рекол Чеферин.

Scroll to Top