Петр Чех ќе се откаже од фудбалот на крајот на сезоната, но претходно, чешкиот голман, кој инаку е и страствен тапанар, ќе издаде сингл во добротворни цели со легендарниот тапанар на Квин, Роџер Тејлор.
36-годишниот голман на Арсенал по 15 години во Премиер лигата си заминува на крајот на сезоната, но претходно, следната недела ќе објави сингл со наслов „Тоа е фудбалот“ со 69-годишниот Тејлор, кој со Фреди Мекрјури, Брајан Меј и Џон Дикон беше ппознат како Квин.
Двајцата се познаваат од пред пет години, а Тејлор е познат како голем навивач на поранешниот клуб на Чех, Челси. Двајцата беа повикани на емисија на „Би-би-си“ каде што склучиле пријателство.
Watch out Ed Sheeran, Stormzy, & others, there’s a new artist in town ?????. To mark my retirement the legendary Roger Taylor and myself thought it would be fun to do a song to raise money for the wonderful @Willow_Fdn . out next week on Virgin Records. ?? #thatsfootball pic.twitter.com/vDZPSTINyM
— Petr Cech (@PetrCech) May 3, 2019