Top Sport

Чех пред пензионирањето ќе издаде сингл со тапанарот на Квин!

Петр Чех ќе се откаже од фудбалот на крајот на сезоната, но претходно, чешкиот голман, кој инаку е и страствен тапанар, ќе издаде сингл во добротворни цели со легендарниот тапанар на Квин, Роџер Тејлор.

36-годишниот голман на Арсенал по 15 години во Премиер лигата си заминува на крајот на сезоната, но претходно, следната недела ќе објави сингл со наслов „Тоа е фудбалот“ со 69-годишниот  Тејлор, кој со Фреди Мекрјури, Брајан Меј и Џон Дикон беше ппознат како Квин.

Двајцата се познаваат од пред пет години, а Тејлор е познат како голем навивач на поранешниот клуб на Чех, Челси. Двајцата беа повикани на емисија на „Би-би-си“ каде што склучиле пријателство.

Scroll to Top