Top Sport

Чех верува дека Кепа ќе има светла иднина

Легендата на Челси Петр Чех говорел за ситуацијата со голманите во тимот од „Стенфорд Бриџ“. Кепа Аризабалага и Вили Кабаљеро немаа добра сезона, поради што гласни се најавите дека Челси ќе се обидат да донесат нов голман. Сепак според Чех Кепа, најскапиот голман во историјата, ќе добие уште една шанса да се докажа.

„Кепа имаше проблеми и тоа не е спорно. Но клубот вложи во него и му даде долгорочен договор бидејќи верува дека тој ќе биде успешен. Меѓутоа не ја исклучувам можноста уште еден голман да пристигне во тимот. Сепак никој не е подготвен да се откаже од Кепа, се надеваме дека има светла иднина“, рекол Чех.

Челси е најактивни во овој преоден рок, нови играчи на „сините“ станаа Вернер, Зијех, Тојаго Солва, Чилвел и Сар, а се очекува да биде комплетиран и трансферот на Каи Хаверц.

Scroll to Top