Top Sport

Шкендија против тимот на Бабунски и Ашковски, Силекс ја доби Дрита, Ренова ќе игра против Хајдук

Тетовски фудбалски клубови Шкендија и Ренова, односно Силекс од Кратово ги дознаа имињата на противниците во второто квалификациско коло во Лига Европа.

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Шкендија за противник го доби романскиот тим Ботошани. Дфресот на Ботошани го носат двајца Македонсци, Давид Бабунски и Стефан Ашковски.

Ренова пак за пласман во третото коло ќе се бори со Хајдук од Сплит. Силекс кој испадна од првото коло во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа. Противник на лидерот во домашното првенство ќе биде претставникот на Косово, Дрита.

Натпреварите се играат на 17 септември, Ренова ќе го пречека Хајдук во Скопје, Шкендија ќе годтува во Романија кај Ботошани, а Силекс ќе и биде домаќин на Дрита.

Scroll to Top