Top Sport

„Чеканите“ со контроверзен гол до три поени против Борнмут

Вест хем по три меча без победа, повторно освоиј три поени, откако со 2:0 ги совлада Борнмут во меч од 13. коло во англиската Премиерлига.

Тимот на Дејвид Мојс имаше подобро прво полувреме со неколку шанси, пред во самиот финиш на полувремето, дефанзивецот Курт Зума да донесе водство за домаќините, но само откако неговиот соиграч Тило Керерер не ја „закачи“ топката со раката. Секако, се работеше за случаен допир, и Керерер не беше стрелецот за да му се поништи голот, но тоа не го намали бесот на играчите на Борнмут.

Во второто полувреме, гостите беа поактивниот тим со неколку интересни ситуации пред голот на Вест хем, за во 90. минута, ВАР повторно да одлучи контра Борнмут, по едно играње со рака, за Саид Бенрама да биде сигурен од белата точка и да стави точка на мечот.

Вест хем, по слабиот старт на сезоната, се искачуваат на 9. место на табелата со 14 поени, додека Борнмут имаат само поен помалку на 14. место.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top