Top Sport

Катар ќе биде последното СП за Модриќ

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, за ЕСПН потврди дека Светското првенство во Катар ќе биде неговото последно големо натпреварување во репрезентативниот дрес.

„Свесен сум колку години имам и дека ова ми е последно натпреварување за хрватската репрезентација“, изјави Модриќ.

Неодамна напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ, изјави дека не мисли оти Катар е крајот за капитенот на тој тим.

„Тешко е да се опише со зборови што значи тој за хрватскиот, европскиот и светскиот фудбал. Она што го направи во неговата кариера е неповторливо. Сите тие години во Реал Мадрид и репрезентацијата, а да не зборуваме за освојувањето на Златната топка, се неверојатни достигнувања. Задоволство е да се дели соблекувалната, да се биде на теренот и да се тренира со него. Мислам дека ова нема да му биде последно Светско првенство. Судејќи според тоа како се чувствува на теренот, може да игра долго време“, изјави Крамариќ за официјалната веб-страница на ФИФА.

Се чини дека напаѓачот на Хофенхајм сепак погрешил.

Модриќ досега за хрватската репрезентација одигра 154 натпревари и постигна 23 гола, а капитен стана во 2016 година по збогувањето на Дарио Срна.

Секако, Модриќ нема да се збогува репрезентацијата по Катар, туку тоа ќе го стори по завршниот турнир во Лигата на нации.

Хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство ќе ги одмери силите во групата Ф со Белгија, Канада и Мароко.

Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.

Scroll to Top