Top Sport

Челси би дале 150 милиони евра за Винисиус!

Челси се подготвени за нова „авантура“ во летниот преоден рок со многу пари, и сакаат во тимот да ја донесат ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за фантатични 150 милиони евра, тврди шпанскиот весник „Ел насионал“.

Се очекува лондонскиот клуб да направи уште едно преуредување на тимот по катастрофалната прва сезона под водство на американските газди предводени од Тод Бели, со Маурисио Почетино како тренер и со нови засилувања.

Шпекулациите доаѓаат во момент во кој Винисиус Жуниор беше на насловните страници поради нефудбалски работи, по расистичките напади кои ги добиваше од навивачите на Валенсија. Се верува дека Бразилецот, иако е задоволен од условите кои ги има во Реал Мадрид, би можел да замине од Шпанија. Претходно и Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен беа заинтересирани за 22-годишниот Бразилец.

Scroll to Top