Top Sport

(Видео) Капитенот на Лутон колабираше, па влезот во Премиерлигата го прослави во болница!

Капитенот на Лутон, Том Локјер во најважниот меч на неговиот тим во последните неколку децении, колабираше на „Вембли“ во првото полувреме од баражот за влез во Премиерлигата потив Ковентри сити.

Медицинскиот тим веднаш беше на теренот и тој ја поврати свеста, и потоа веднаш беше однесен во болница во северен Лондон на дополнителни тестови. 28-годишниот Велшанец, кој го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Сандерленд, потоа од неговата болничка соба гледаше како Лутон по драматичната пенал-серија влезе во Премиерлигата. Неговиот татко ја сподели фотографијата од реакцијата на Локјер.

Scroll to Top