Top Sport

Јунајтед не се подготвени да платат 55 милиони фунти за Маунт

Манчестер јунајтед не се подготвени да платат 55 милиони фунти на Челси за Мејсон Маунт, и покрај тоа што фудбалерот би преферирал трансфер на „Олд Трафорд“ по интересот на Ливерпул и Арсенал, тврди „Индепендент“.

24-годишниот Маунт има уште една година од договорот со Челси и ги одби понудите за продолжување на договорот, незадоволен од условите кои му ги понуди клубот каде што ја почна кариерата. Англискиот репрезентативец смета дека под Ерик Тен Хаг би имал голема минутажа и дека би се вклопил во тимот.

Но, на „Олд Трафорд“ не се подготвени да ја платат сумата која ја бараат Челси поради неизвесноста околу буџетот кој Тен Хаг ќе го има ова лето поради процесот на продажба на клубот.

Scroll to Top