Top Sport

Челси денес ќе го реалзираат трансферот на Хаверц

Челси во текот на денот треба да го реализира најголемиот трансфер во клупската историја, тврдат неколку англиски медиуми. Според „Дејли Мејл“ во Лондон ќе пристигне германскиот талент Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Според „Гардијан“ во текот не денешниот ден клубовите ќе ги „испеглаат“ разликите околу сумата која Челси ќе треба да ја плати за 21 годишниот фудбалер. Леверкузен најпрвин ја поставиле цената на 115 милиони евра, а Челзи понудиле 35 милиони евра помалку.

На крајот двете страни ќе се согласат трансферот, со сите бонуси, да изнесува 90 милиони евра, со што Хаверц ќе стане најскапото засилување на клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Scroll to Top