Англискиот премиерлигаш Челси има деловен предлог за Барселона кој би можел да ги задоволи двете страни. Според каталонски „Спорт“ лондонскиот клуб размислува да го ангажира Френки де Јонг, и со одредена сума пари да понуди уште двајца фудбалери кои веќе се цел на Барса, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.
Проблемот е што Барселона сака со парите од продажбата на Де Јонг да ги стабилизира финансиите, но со оглед на големиот интерес за шпанскиот тандем би можеле и да попуштат за овој предлог во Каталонија.
Френки де Јонг е голема желба и на Манчестер Јунајтед, но Холанѓанецот одби да се пресели на „Олд Трафорд“ затоа што клубот оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.