Челси ги одбија понудите на Барселона и Атлетико Мадрид за бразилското крило Вилијан, иако неговиот договор завршува на крајот на следната сезона.
Според „Скај спортс“, шпанските клубови дале понуди од 35 милиони фунти за брз трансфер пред забраната на трансфери за англискиот клуб, но „сините“ решиле да го заддржат својот стандарден првотимец и веќе му понудиле двегодишен договор.
Еден Азар замина од „Стемфорд бриџ“ минатата недела во мега-трансфер од над 100 милиони евра, а шпекулациите велат дека Маурицио Сари сака да ги „прибере“ кај себе во Јувентус, Жоргињо и Емерсон Палмиери, така што „сините“ нема да имаат голем избор на фудбалери за следната сезона.
Бидејќи следната година релативно неискусните Калам Хадсон-Одои и Кристијан Пулишиќ ќе треба да го составуваат ’рбетот на тимот, 30-годишниот Вилијан треба да го даде потребното искуство на тимот.