Top Sport

Челси ги сакаат и Стерлинг и Дембеле!

Откако новата ера на Челси под водство на американските газди стартуваше тивко без големи трансфери туку со повеќе заминувања (Кристенсен, Ридигер, Лукаку…), англиските медиуми тврдат дека Тод Бели ги договара трансферите на Рахим Стерлинг и Усман Дембеле во нападот.

Бели, чија корпорација го купи лондонскиот клуб од Роман Абрамович го замени Брус Бак како претседател на клубот, но ја презеде улогата на Марина Грановскаја, која досега ги средуваше трансферите на клубот. Според „Дејли мејл“, стратегијата на фудбалскиот пазар Бели ја води во консултација со менаџерот Томас Тухел, кому ќе му биде потребно засилување во нападот.

25-годишниот Дембеле, иако му заврши договорот со Барселона, би сакал да остане во Каталонија, но таму не можат да му ја понудат досегашната плата од 150.000 фунти неделно, додека Челси се подготвени да стигнат до сума од 200.000 фунти секоја недела. Тухел работеше со Дембеле во Борусија Дортмунд во 2016/17 пред неговиот трансфер во Барселона, а германскиот тренер исто така веќе контактирал со Стерлинг, кој има уште една година од договорот со Сити.

На Челси му се неопходни и засилувања во одбраната, по заминувањето на Андреас Кристенсен во Барселона и на Антонио Ридигер во Реал Мадрид, и според италијанските медиуми веќе преговараат со Јувентус за носење на Матијс де Лихт на „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top