Top Sport

Челси го донесоа бразилскиот талент Андреј Сантош од Васко да Гама

Бразилскиот клуб Васко да Гама потврди дека нивниот фудбалер од средниот ред, Андреј Сантош го комплетирал трансферот во Челси за првични 13 милони фунти.

Сантош имаше отпусна клаузула од 40 милиони евра во својот договор, но бразилскиот клуб се согласи да го пушти 18-годишникот со само 38 настапи заз сениорскиот тим за помала сума во европскиот фудбал.

„Сантош ја почна кариерата во футсал тимот, пред во 2021 година да стане најмладиот играч кој дебитирал во првиот тим на Васко да Гама, помнувајќи ги Талеш Мањо, Паулињо и Филипе Кутињо“, се вели во објавата на клубот.

Остануваа да се види дали Челси ќе го заддржи младиот фудбалер во својот тим или ќе го прати на позајмица.

Scroll to Top