Top Sport

Реал дава 120 милиони евра за Јошко Гвардиол!

Реал Мадрид се подготвени да ги „претркаат“ Челси и Манчестер сити за потписот на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, нудејќи 120 милиони евра за централниот бек, тврдат шпанските медиуми.

23-годишниот Гвардиол потпиша едногодишно продолжување на договорот со РБ Лајпциг во текот на летото, со што е под договор до 2027 година, но ова нема да ги спречи заинтересираните клубови посебно по неговиот одличен настап на СП во Катар. Според Алфредо Педулја, Реал веќе имале два состаноци со луѓет од Лајпциг во последните 15 дена и се подготвени да платат 120 милиони евра (на две рати) плус бонуси.

Челси веќе дадоа понуда од 80 милиони евра, додека Манчестер сити понудија 10 милиони повеќе, но нивните понуди беа одбиени. Гвардиол, наводно, сака во Реал, дури и тоа да значи помала плата – 6 милиони евра во Мадрид во споредба со 9 милиони евра понудени од Челси.

Scroll to Top