Инцидентот што го предизвика Кепа Аризабалага, во неделата во финалето на Карабао купот, кога одби да биде заменет доби епилог. Иако менаџерот Маурицио Сари и Кепа тврдеа по мечот дека дошло до недоразбирање, клубот сепак го казни недисциплинираниот голман.
Шпанскит голман е казнет парично, во износ од една неделна плата (225.000 фунти). Клубот објави дека парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели.
Инаку Челси загуби во Купот од Манчестер сити. „Граѓаните“ го добија мечот на пенали до 4:3, откако во регуларниот дел и продолженијата немаше голови.