Top Sport

Челси го назначи новиот извршен директор

Англискиот премиерлигаш Челси официјално го назначи Том Глик за извршен директор, соопштија од клубот. 30-годишниот Американец, кој е поранешен претседател на Каролина Пантерс, е задолжен за секојдневното управување на „сините“ од Лондон, кои досега привремено беа во рацете на новиот сопственик Тод Боели, откако тој се раздели со блиските соработници на Роман Абрамович.

Глик ќе биде посветен на глобалната деловна стратегија, растот на приходите и односите со навивачите.

„Челзи е спортски симбол – институција, која ја обожаваат ширум светот. Многу сум импресиониран од визијата и мисијата на Тод Боели и Клирлејк. Имаме огромна можност да ја подобриме ефективноста во секоја област“, рече Американецот.

Тој има искуство и во фудбалски менаџмент, откако беше дел од создавањето на Шарлот во МЛС – лигата, со кој Челси ќе се соочи на 21 јули.

Scroll to Top