Top Sport

Рома го убедила Дибала со ниска отштетна клаузула во договорот

Аргентинецот Пауло Дибала пристигна со приватен лет во Португалија, каде во моментов е на лекарски прегледи во приватна клиника во Абуфеира, а потоа треба да потпише тригодишен договор со Рома, пренесува „Газета дело спорт“.

Според италијанските медиуми, аргентинскиот фудбалер ќе заработува 6 милиони евра по сезона со бонуси, а Рома се откажала од идна заработка и неговиот договор ќе содржи релативно ниска отштетна клаузула од 20 милиони евра.

„Многу сум среќен“, беа првите зборови на Дибала по пристигнувањето на аеродромот во Португалија, каде Рома се наоѓа на летни подготовки.

Главната улога при трансферот на Дибала ја имал тренерот Жозе Мурињо, но и легендата на Рома, Франческо Тоти, кој телефонски му се јавил на Аргентинецот за да го охрабри да дојде во Рим.

Scroll to Top