Top Sport

Челси го нуди Абрахам во Арсенал за 47 милиони евра – собираат пари за Халанд

Иако спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Корк тврди дека норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд и наредната сезона ќе биде дел од „милионерите“, сепак сопственикот на Челси – Роман Абрамович сака уште ова лето Норвеѓанецот да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.

Доколку ова лето Халанд не направи трансфер во некој од европските гиганти, следното лето се вклучува откупната клаузула, па тој ќе може да си оди од Дортмунд за „скромни“ 75 милиони евра. Скромни ако се знае дека Челси и Абрамович сега се подготвени да платат 175 милиони евра за неговите услуги.

За да ги соберат тие пари, „сините“ од Лондон ќе мораат да продадат некој од напаѓачите. Прва „жртва“ најверојатно ќе биде Теми Абрахам.

Британски „Телеграф“ пишува дека уште минатиот месец Челси им го понудиле напаѓачот на „милионерите“ за да ја спуштат цената на Халанд, но од таборот на Борусија не биле расположени за ваквата зделка.

Истиот извор наведува дека сега Челси го нуди Абрахам во градскиот ривал Арсенал, но не како размена.

Од таборот на „топчиите“ позитивно реагирале, но ќе мораат некого да продадат затоа што од Челси за услугите на голгетерот бараат околу 47 милиони евра.

Scroll to Top