Top Sport

Зелените дресови од сега се забранети во Серија А

Челниците на италијанската прва фудбалска лига се одлучија на несекојдневен потег. Имено, од наредната сезона на мечевите од Серија А нема да може да се гледаат тимови кои носат дресови во зелена боја.

Причина за ваквиот чекор е по барање на телевизиските компании кои сметаат дека на тој начин играчите кои на себе имаат зелена опрема се „претопуваат“ со позадината (тревата), па гледачите имаат потешкотии нормално да го следат нивното движење на теренот.

Оваа одлука секако најтешко ќе се одрази на калчолигашот Сасуоло, тим чии дресови се во зелено-црна комбинација.

Меѓутоа, покрај тимот од Реџо Емилија, и дел од најголемите италијански клубови (Јувентус, Фиорентина, Милан, Лацио, Аталанта) носат зелени комбинации, но само на гостувањата.

Scroll to Top