Фудбалскиот клуб Челси го официјализираше трансферот на германскиот репрезентативец Тимо Вернер. Клубот од „Стенфорд Бриџ“ за Вернар на Лајпциг им платил 53 милиони евра.
Челси потврдија дека 24 годишниот напаѓач до крајот на сезоната во Бундеслигата ќе остане во Лајпциг, а наредниот месец ќе им се приклучи на новите соиграчи.
Ова значи дека Вернер нема да игра за Лајпциг на завршниот турнир во Лигата на шампионите кој ќе се игра во Лисабон од 12 до 23 август.
„Среќен сум што потпишав договор со Челси. Ова е важен и убав момент за мене. Исто така сакам да им се заблагодарам на РБ Лапциг и на навивачите за четири фантастични сезони. Засекогаш ќе бидат во моето срце. Веќе ѝ се радувам на наредната сезона“, изјавил Вернер за интернет страницата на Челси.
Вернер сезонава за Лајпциг постигнал 32 гола и забележал 13 асистенции во сите конкуренции.
Германецот е второто големо засилување за тимот на Френк Лампард во пресрет на новата сезона, претходно „сините“ го официјализираа трансферот на Хаким Зијеш од Ајкас.