Top Sport

Челси го претстави Ромео Лавија

Челси официјално го објави потписот со дефанзивниот играч за врска Ромео Лавија од Саутемптон за 58 милиони фунти. Договорот на 19-годишниот талент е до летото 2030 година.

Белгискиот репрезентативец беше желба и на Ливерпул, но на крајот, како и Моизес Каиседо, се одлучи за преселба во Челси, со што стана осмото ново засилување на лондончани ова лето.

Лавија е младински играч на Андерлехт, но играше две години во академијата на Манчестер Сити. Пред една година „граѓаните“ го продадоа за околу 12 милиони евра на Саутемптон, за кого тинејџерот одигра 34 натпревари во сите натпреварувања.

„Три фактори ја одредија мојата одлука. Проектот и амбициите на клубот беа клучни фактори за изборот на Челси, но и неговата историја. Навистина е возбудливо да се биде дел од овој фудбалски клуб и да се испише историја. Навистина сум среќен и горд. Привилегија е да се носи овој дрес. Повеќето од играчите со кои потпишавме ми беа ривали на теренот и мислев: „Леле, овие играчи се добри“, па да можам да работам со нив е одлично чувство. Тие се млади и добри играчи, па ќе биде добро да се подобриме еден со друг. Ова е единствениот начин да се биде успешен. Секако, сакав да работам и со Маурисио Покетино, кој е одличен менаџер“, изјави Ромео Лавија.

 

Scroll to Top