Top Sport

Челси го продолжија трансфер-походот – Каи Хаверц е „син“

Челси го потврдија доаѓањето на Каи Хаверц од Баер Леверкузен во договор вреден фантастични 70 милиони фунти за несомнено да ја добијат титулата „шампиони“ на летниот преоден рок.

21-годишниот Хаверц потпишува петгодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“, откако беше убеден по двамесечни преговори меѓу двата клуба

„Пресреќен сум и горд сум што сум дел од толку голем клуб. Едвај чекам да ги сретнам сите фудбалери и да почнема да работиме“, изјави Хаверц.

Германецот е последно засилување на тимот на Френк Лампард, кој потроши повеќе од 200 милиони фунти ова лето. Покрај договорите за Хаким Зијеш и Тимо Вернер, Челси ги купи и Бен Чилвел и Маланг Сар, а исто така бесплатно го доби Тијаго Силва од Пари Сен-Жермен.

Но, тука не е крајот. Се верува дека Лампард ќе добие пари за уште две засилувања до крајот на преодниот рок.

Scroll to Top