Челси се обидуваат во финишот на преодниот рок да им го „украдат“ Хрватот Јошко Гвардиол на Тотенхем, по што би го оставиле на позјмица во РБ Лајпциг уште една сезона, тврди „Дејли мејл“.
20-годишниот талент Гвардиол подолго време го привлекува вниманието на повеќе англиски премиерлигаши, како Челси, Манчестер сити и Тотенхем, но откако „сините“ го купија Калиду Кулибали од Наполи и се пред договор со Весли Фофана од Лестер, се сметаше дека нивниот интерес е намален.
Гвардиол замина во Лајпциг од Динамо Загреб за 16-тина милиони евра во септември 2020, а откако одигра уште една сезона во Динамо, минатото лето се пресели во Бундеслигата, и веднаш стана клучен играч во тимот на Доменико Тедеско со речиси 50 одиграни натпревари.
Exclusive: Chelsea are in advanced talks with RB Leipzig to sign Joško Gvardiol! Deal would be completed now but with Gvardiol staying at RB Leipzig, he’d join Chelsea in June 2023. ?? #CFC
Official proposal submitted today around €90m. Negotiations ongoing on clubs side. pic.twitter.com/3HKoSIjcyN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 30, 2022