Top Sport

Челси и Манчестер сити имаат по 15 фудбалери на ЕУРО 2020

Европскиот првак и вице-првак, Челси и Манчестер сити, ќе бидат застапени со најмогу фудбалери на ЕУРО 2020. На првенството кое ќе започне во петок, вкупно ќе учествуваат 624 фудбалери, по 15 свои претставници ќе имаат Челси и Манчестер сити.

На Европското првенство, ќе настапат 24 репрезентации, чии фудбалери играат во 208 клубови, во 32 држави.

Најмногу од фудбалерите играат во Англија, вкупно 152. настапуваат во англиските првенства, во Германија игра 91 фудбалер, во Италија 75, Шпанија 42…Само 11 фудбалери на играат во Европа, седуммина настапуваат во САД, тројца во Кина и еден во Јапонија.

Челси и Манчестер сити на ЕУРО 2020 ќе имаат по 15 свои фудбалери, 14 репрезенти има Баерн Минхен, 12 Јувентус, а Манчестер јунајтед и Динамо Киев по 11.

Најмногу репрезентативци кои играат во својата држава има Англија, 23 од 26 се во Премиер лигата. 22 Италијанци и Руси настапуваат во Серија А, односно во руската Премиер лигаа.

Од пријавените 26 фудбалери, само по еден Финец и Словак играат во домашните првенства.

Кога станува збор за македонската репрезентација, на списокот на селекторот Игор Ангеловски, се наоѓаат тројца играчи од домашното првенство: Ристе Јанков (Работнички), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани). Од повиканите Стефан Ристовски и Аријан Адеми се соиграчи во Динамо Загреб.

Scroll to Top