Top Sport

Челси ја направи најскапата замена во историјата на фудбалот?

Челси ја продолжи катастрофалната форма со вчерашниот пораз од 2:1 од Брајтон, во меч во кој гостите имаа 69 отсто од поседот на топката и дури 26 удари на голот.

Според финансискиот експерт Киеран Меегваер, тие барем може да се пофалат со најскапата замена в историјата на фудбалот во второто полувреме. При резултат 1:1, менаџерот Френк Лампард направи четири замени пред еден час игра.

Во игра влегоа Матео Ковачиќ, Хаким Зијеш, Жоао Феликс и Рис Џејмс на местото на Енцо Фернандез, Кристијан Пулишиќ, Рахим Стерлинг и Весли Фофана. Според проценките, тие кои излегоа вредат 281.5 милиони фунти на пазарот на играчи – со Фернандез како најскапо засилување во историјата на Челси од 107 милиони фунти, Фофана за 70 мииони фунти, Пулишиќ за 57 милиони фунти, а Стерлинг за 47.5 милиони фунти. Тие кои влегоа вредеа „само“ 75 милиони фунти, откако Џејмс е приозлезен од академијата на Челси, а Феликс е на позајмица од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top