Top Sport

Челси ќе плати 127 милиони евра и ќе го добие Енцо Фернандез

Англискиот премиерлигаш Челси ја доби трката за најдобриот млад фудбалер на Мундијалот, Аргентинецот Енцо Фернандез. По неговите одлични настапи на СП во Катар стана јасно дека тој тешко ќе остане уште долго во Бенфика.

Челси, како што пренесува „Калчомеркато“ ги договорил сите детали околу купувањето на Фернандез. Англискиот клуб ќе плати и повеќе од откупната клаузула за одличниот играч за врска.

Бенфика на три рати ќе добие дури 127.000.000 евра, а вкупната цена ја надминува откупната клаузула за 7.000.000 евра.

По големите проблеми со повредите, Н’Голо Канте веќе го нема статусот на „недопирлив“, менаџерот Грам Потер сакаше засилување во средниот ред, па Енцо Фернандез наскоро треба да го облече дресот на Челси.

Бенфика брзо најде нов фудбалер кој треба да го замени, тоа е играчот од средниот ред на Расинг, Карлос Алкараз, кој се проценува на околу 17.000.000 евра.

Scroll to Top