Top Sport

Челси му го продолжи договорот на Аспиликуета

Фудбалскиот клуб Челси, ја искористи можноста и автоматски му го продолжи договорот на капитенот Цезар Аспиликутеа. Шпанскиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Барселона.

Очекувано, Челси ја искористиле клаузулата во договорот на Аспиликуета. „Сините“ му го продолжија договорот, во ситуација кога се уште не се знае како ќе функционира клубот во иднина. Според медиумите продажбата на Челси треба да заврши во наредните пет недели.

Барселона се надеваше дека ќе го добиа Аспиликуета бесплатно. Челси со продолжувањето на договорот сака да извлече оштета доколку фудбалерот сака да го напушти клубот.

Од оваа перспектива прашање е дали Барселона ќе сакаат да платата оштета за Аспиликуета.

Scroll to Top