Top Sport

Челси на Баерн им понудиле размена, Левандовски за Вернер

Англиските и германските медиуми, во своите денешни изданија, тврдат дека ова лето ќе се случи еден од најспектакуларните трансфер во последните неколку години. Медиумите го најавуваат трансферот на Роберт Левандовски во Челси.

Репрезентативецот на Полска, со Баерн ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал, индивидуално ја освои наградата за најдобра светски фудбалер за 2020 година. Наводно, бил подготвен за нов предизвик во кариерата.

„Дејли мајл“, пишува дека луѓето од Челси воспоставиле контакт со Левандовски, бидејќи во клубот немаат трпение да го чекаат Тимо Вернер да влезе во форма. Истата информација ја пренесе и германскиот „Скај спорт“.

Вернер, од почетокот на сезоната, има постигнато 12 голови, што е малку за играч во кого клубот вложи 50 милиони евра.

Според медиумите, Челси сакале да го испратат Вернер во Баерн, во замена за Левандовски.

Покрај Челси, интерес за Левендовски покажале Барселона и ПСЖ. „Светците“ би тргнале по Левандовски само во случај од клубот да си замине Килијан Мбапе.

Scroll to Top