Top Sport

Меси реши да го прекине молкот

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Лионел Меси, решил да го прекине петмесечниот молк. Аргентинецот од 28.декември минатата година не дал ниту едно интервју, не бил на ниту една прес конференција и не дал ниту една изјава по мечевите на Барселона.

Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на 30.јуни, дали ќе остане на „Ноу Камп“ или ќе го напушти клубот би можел да открие во интервјут за аргентинскиот „Оле“.

Од познатиот магазин најавиле дека интервјуто со Меси ќе го објават во сабота на 22.мај.

Статусот на Меси во Барселона е под лупа на светската јавност, од август минатата година, кога клубот не му дозволи да го раскине договорот.

Работите се сменија со заминувањето на Џозеп Марија Бартомеу и враќањето на претседателската функција на Џоан Лапорта.

Ситуација со Меси внимателно ја следат ПСЖ и Манчестерр сити.

Scroll to Top