Тоа што требаше да биде големо дерби на англискиот фудбал, и пресметка на два врвни стратези (Пеп Гвардиола и Маурицио Сари) по само 25 минути изгледа како „кошмар“ за Челси.
По нецел половина час игра, шампионот Манчестер сити има 4:0 водство против „сините“ во еден неверојатен напаѓачки „шок“ за момците на Маурицио Сари.
Рахим Стерлинг ги „начна“ гостите со гол во четвртата минута, Серхио Агуеро додаде два (13-та и 19-та минута), за Илкај Гундоган да постигне гол во 24. минута за апсолутно неверојатни 4:0. Инаку, досега најголем пораз на Челси од воспоставување на Премиер лигата беше 4:0 поразот од Бурнемаут оваа сезона.
Фото: ЕПА