Top Sport

Данил Медведев со круната од Софија

Русинот Данил Медведев стигна до својата четврта АТП титула, откако во финалето на Софија опен со 6:3/6:4 не му даде шанса на Унгарецот Мартон Фучович за комплетираше на одличната недела во бугарската престолнина.

Ова беше второ финале за 22-годишниот Русин оваа година откако на Бризбејн интернешнл во јануари загуби од Кеи Нишикори. Сепак, четирите трофеи со кои може да се пофали Медведев доаѓаат во последните 13 месеци, а моментално има 11-3 скор во 2019 година. Тој е дефинитивно еден од тенисерите за кои уште ќе слушаме.

27-годишниот Фучович пак, одеше на своја втора титула во кариерата, откако лани триумфираше на Женева опен во Швајцарија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top