Англискиот премиерлигаш Челси на лето ќе се обиде да го доведе Душан Влаховиќ, тврди „GiveMeSport“. Лондонскиот клуб веќе ги има Каи Хаверц, Пјер-Емерик Обамејанг, Давид Датра Фофана и Арманд Броја во нападот, додека Кристофер Нкунку ќе дојде по завршувањето на сезоната. Но, Хаверц и Обамејанг најверонатно ќе го напуштат „Стемфорд бриџ“.
Сезонава Влаховиќ на десет настапи за Јувентус постигна шест гола. Сепак, клубот е казнет со одземање на 15 бода поради финансиска измама, а му се заканува и исфрлање од европските натпреварувања.
Со оглед на тешката ситуација во торинскиот клуб, трансферот на Влаховиќ не е невозможен, а Србинот има вредност од околу 80 милиони евра.