Реал Мадрид нема да можат да го претстават Еден Азар идната недела, бидејќи клубовите се уште преговарале околу висината на трансферот, пишува „АС“.
Истиот извор тврди дека Челси немаат намера да ја спуштат цената за својот најдобар играч и покрај тоа што неговиот договор важи до јуни 2020 минута.
Менаџерите на Азар наводно ги советувале луѓето од Реал да не вршат притисок врз Челси поради „сериозните намери“ што ги имала директорката на „сините“, Марина Грановскаја.
Претходно „АС“ и „Марка“ објавија дека клубовите се договориле околу обесштетувањето и дека Реал за Азар ќе плателе 130 милиони евра, дека фудбалерот ќе потпишел четиригодишен договор со неделна плата од 453 илјади евра.
Еден Азар на „Стенфорд Бриџ“ пристигна во 2012 година од Лил. Сезонава за Челси одигра 37 натпревари во Премиер лигата на кои забележал 16 гола и 15 асистенции.