Top Sport

Севилја го потврдија првиот голем трансфер

Бразилецот од Нант Диего Карлос кариерата ќе ја продолжи во ла Лига, во екипата на Севилја. Фудбалерот од одбраната сезонава настапил на 40 натпревари за Нант и постигнал еден гол.

Диего Карлос пред три години пристигна во Нант за сума од 1,3 милиони евра. Финансиските детали од неговиот трансфер во Севилја не се објавени. Наводно Севилја за Диего Карлос платиле 12 милиони евра.

Scroll to Top