Top Sport

Челси никогаш „помлади“ на натпревар во Премиер лигата

Френк Лампард со Челси попладнево влегоа во историјата на Премиер лигата. „Сините“ во овоие моменти играат против Кристал Палас во рамките на 12 коло, а стартниот состав на Ламапрд е најмлад во клупската историјата што настпил на натпревар во елитното натпреварување во Англија. Исто така ова е најмладиот почетен состав на било која од тимовите во Премиер лигата.

Челси поради забраната за трансфери оваа сезона се потпираат на младите играчи од сопствената академија.

Мечот со Кристал Палас го започнаа: Аризабалага – Џејмс, Томори, Зума, Емерсон – Канте, Ковачиќ, Вилијан – Пулишиќ, Маунт, Абрахам.

Почетната постава на Челси има 24 години и 88 дена, а просекот го „расипаа“ искусните Канте и Вилијан.

Scroll to Top