Top Sport

Челси по четири порази на „Гудисон“ до минимална победа

По четири порази во последните четири гостувања, Челси успеа да слави со 1:0 кај Евертон, прекинувајќи ја лошата серија и обезбедувајќи три поени на стартот на Премиерлигата.

Мечот на „Гудисон“ беше одбележан со сериозната повреда која ја доби дефанзивецот на Евертон, Бен Годфри по десетина минути игра, по што следуваше долга пауза додека тој беше изнесен на носилки надвор од теренот со скршеница на ногата. „Карамелите“ успеаја да го неутрализираат нападот на Челси до финишот на полувремето, кога беше досуден пенал, а Жоржињо беше сигурен во 9. минута од судиското продолжение.

Претходно, во 43. минута од мечот, Рахим Стерлинг го постигна својот прв гол за Челси, но тој беше поништен поради офсајд.

Scroll to Top