Top Sport

Ројс за стартна победа на Дортмунд на дербито со Леверкузен

Борусија Дортмунд со победа ја отвори новата сезона во Бундеслигата, откако голот на Марко Ројс беше доволен да се стигне до 1:0 победа над Баер Леверкузен, за слатка одмазда против тимот кој лани ги елиминираше во ДФБ купот.

Ројс ги донесе „милионерите“ до рано водство уште во 10. минута од мечот, резултат кој остана до крајот на мечот. Во финишот, Леверкузен остана со играч помалку откако голманот Лукаш Храдецки доби црвен картон за игра со рака надвор од шестнаесетникот.

Scroll to Top