Челси е вториот финалист на англискиот Лига куп (Карабао куп), откако на пенали го совлада Тотенхем во реваншот од полуфиналето. Регуларниот дел заврши 2:1 за Челси, што заедно со 1:0 за Тотенхем во првиот меч значеше директно изведување на пенали без продолженија.
„Сините“ го почнаа мечот посилно и во првото полувреме направија предност од 2:0, преку Н’Голо Канте во 27. минута и Еден Азар 11 минути подоцна, но Тотенхем, кој имаше слабо прво полувреме, се врати со одличниот гол на Фернандо Љоренте во 50. минута. Челси доминираше со шансите, вклучувајќи одлична на Оливие Жиру во последните минути од мечот, но не успеа да го добие во регуларниот дел.
Во пенал-серијата, сите четири фудбалери на Челси беа прецизни, додека Ерик Ламела и Лукас ги промашија своите обиди праќајќи го Челси во финалето, каде што ќе се судри со Манчестер сити, кои вчера со 1:0 и вкупни 10:0 го елиминираа најголемото изненадување, третолигашот Бартон.
Фото: ЕПА