Челси се подготвува на голманот Тибо Куртоа да му понуди нов договор, односно продолжување на стариот кој му истекува за 18 месеци. Како што пренесува лондонски „Телеграф“, Куртоа ќе стане најплатенито голман во светот на фудбалот.
Тибо Куртоа според актуелниот договор има неделна плата од 100.000 фунти, а според новиот тој износ би требало да биде дуплиран.
Најплатен голман во светот, во овој момент е Давид Де Хеа кој неделно во Манчестер јунајтед заработува 200.000 фунти.
Ова значи дека Челси на Куртоа ќе треба да му понуди малку повеќе од она што го има Де Хеа, за тој да биде пред Шпанецот според годишните приходи.
Белгиецот најавил дека ќе чека да заврши сезоната за да влезе во преговори со клубот, а самиот не ја крие желбата да остане на „Стенфорд Бриџ“.
Инаку, пред неколку недели, Куртоа изјави дека во еден момент од кариерата повоторно ќе се врати во Шпанија, каде што живеат неговите деца.