Top Sport

Челси потроши 400 милиони фунти ова лето, Почетино има 14-15 достапни фудбалери!

И покрај тоа што Челси потроши дополнителни 400 милиони фунти ова лето, менаџерот Маурисио Почетино откри дека има „14 или 15“ достапни фудбалери за неделното гостување кај Борнмут во Премиерлигата.

„Овие услови, не се најдобри за нас бидејќи имаме 11 или 12 повредени фудбалери. Мислам дека во тимот во моментов имам 14 или 15 фудбалери и важно е сите да добијат шанса. Секако, со историјата на Челси мораме да бидеме конкурентни, но не можам да ја сменам ситуацијата и реалноста“, вели Почетино.

Кристофер Нкунку, Весли Фофана, Армандо Броја, Рис Џејмс, Ромео Лавија и Беноа Бадијашил се меѓу попознатите имиња кои отсуствуваат поради повреди.

Scroll to Top