Top Sport

Пиоли го провоцира Интер: Нема да зборуваме за минатото и за титулата која ја имавме

Стефано Пиоли инсистира дека во Милан не размислуваат за четирите последователни порази во градското дерби со Интер, бидејќи во спротивност ќе треба да зборуваат за титулата од Серија А која ја освоиле, „за разлика од нив“.

„Почнавме добро и сакаме така да продолжиме. Пред првиот меч од сезоната бев внимателен, но сега сум сигурен дека сме добро подготвени за сезоната. Не ми е грижа за минатите дерби мечеви, се грижам само за утре. Во спротивност ќе зборуваме за титулата која ја освоивме, за разлика од Интер. Единствено што е важно да го играме нашиот стил на фудбал, квалитетот го имаме. На терен ќе се види дали сме посилни“, вели Пиоли.

Scroll to Top